Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација

Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија најголемиот извор е енергетскиот сектор, преку термоелектраните на јаглен, но тука влегува и транспортот и загревањето со фосилни горива како нафта, мазут или јаглен. Во светот и кај нас, покрај енергетиката има стопански гранки што исто така се големи извори на јаглероден диоксид, почнувајќи од големите индустриски капацитети, како цеметарите или топилниците, па сè до земјоделските оранжерии, кои исто така многу често користат фосилни горива за загревање.

 

Воведување на данок на јаглерод значи отварање можност за инвестиции за обновливи извори кои ни се многу потребни, смета Елена Николовска од „Еко Свест“. Станува збор за обезбедување финансиски средства не само за обновливи извори, туку и за иновации кон примена на најдобри практики и достапни технологии кон нискојаглероден развој.

 

„Иако беше спомната како можност во Стратегијата за енергетика и е планирана како мерка во Националниот план за енергија и клима, сè уште не е започнат процесот на воведување на јаглеродната такса. Ова значи дека нема никаква правна рамка за овој инструмент и не се знае во каков формат ќе биде воведен. Иако зеленото сценарио е финансиски најисплатливо според сите проценки вклучително и Стратешката оценка за влијанијата на Стратегијата за енергетика, сепак, овој инструмент не е директно врзан со имплементација на одредено сценарио, иако значително влијае на брзината на енергетската трансформација. Без разлика кое сценарио ќе го одбереме, мерката данок на јаглерод е потребна за обезбедување одржлив механизам за финансирање на оваа трансформација, а ова е потребно за да ги достигнеме целите од Енергетска Заедница и ЕУ. Колку побрзо ја воведеме, толку побрзо ќе чекориме кон исполнување на тие цели“, вели Николовска.

 

Оваа еколошка давачка е позната во повеќе држави низ Европа и светот, а ја плаќаат производителите на производи поврзани со емисии на јаглероден диоксид, но и потрошувачите, доколку ги купуваат истите. Проценето е дека најразвиените земји емитуваат околку 40 отсто од емисиите, а во Европската Унија во 2017 година биле собрани околку 370 милијарди евра како еколошки даноци. Резултат на тоа е намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 22 отсто или 1.240 милијарда тони во периодот од 1990 до 2017 година.

 

Во Министерството за животна средина велат дека сè уште анализираат што би значело воведување на јаглеродна такса за стационирани извори на емисии и начинот на најзиното определување во земјава.

 

„Јаглеродната такса се анализира од аспект на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови. Анализата ќе покаже кога ќе се воведе и која ќе биде висината на јаглеродната такса, од што ќе зависи до кој степен ќе бидат оптоварени производствените капацитети во Северна Македонија. Стратегијата за енергетика покажа дека доколку висината на јагледодната такса е над 35 евра за тон, тоа би значело затворање или намалување на интензитетот на работа на Термоелектраната Битола. Од друга страна и без воведување на јаглеродната такса не постои економска оправданост Осломеј да продолжи со работа“, велат во Министерството.

 

Оттаму потенцираат дека согласно насоките на Енергетската заедница како и на Европската комисија, средствата собрани од јаглеродната такса може и пожелно е да се користат за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност како и програми за ранливи потрошувачи кои ќе бидат најпогодени од енергетската транзиција.

Мета.МК

ABB ја отвори првата јаглеродно неутрална и енергетски самоодржлива фабрика на светот

 

Фабриката на компанијата ABB, сместена во Лиденшајд во Германија, е првата на светот која ги оствари идеалите за јаглеродна неутралност и енергетска самоодржливост, кон кои во времето на интензивирање на борбата против климатските промени, тежнеат многу општествено одговорни компании. Ова постигнување е показател дека пресвртот во однос на фосилните горива е можен со помош на дигиталното управување со енергијата и претставува дел од напорите на ABB за нулта емисија (Mission to Zero).

Фазата на проектирање и изградба на производниот погон во германскиот град, траела две години, и во склоп на истиот се наоѓа соларна централа. Фотоволтаичниот систем со површина од 3.500 квадратни метри е поставен на паркингот на фабриката и се очекува годишно да произведува 1.100MWh чиста електрична енергија. Во комбинација со когенерациската постројка, двојно поефикасна од конвенционалните термоцентрали, ќе се обезбедува 14% повеќе енергија од потребите на фабриката.

Погонот дополнително е „озеленет“ со батерии за складиштење на енергија, како и станици за полнење на  електрични возила кои бесплатно им се ставени на располагање на вработените во фабриката.

Компанијата ABB која има традиција од 130 години, работи во повеќе од 100 земји и вработува скоро 150.000 луѓе.

 

Извор: https://www.porta3.mk/abb-ja-otvori-prvata-jaglerodno-neutralna-i-energetski-samoodrzhliva-fabrika-na-svetot/

Спроведување на мерки за намалување на емисијата на CO2 во регионот

  • Како резултат на насоките содржани во заедничкиот документ Политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, што беше подготвен и усвоен од страна на вклучените страни во завршната фаза од проектот Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, во изминатиот период општините и другите засегнати страни работат интензивно на нивно спроведување.

Во општините Берово, Пехчево и Делчево инсталирани се фотоволтаични системи на покривите на по 3 јавни институции, со што се очекува намалување на јаглеродната емисија, но ќе се направат значајни заштеди на електричната енергија со што директно ќе се намалат трошоците на општините. Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од фондовите на ЕУ.

Дополнително, Извештаите за квалитет на воздухот и мерки за нивно подобрување се значајна основа на општините за реалзација на конкретни мерки и активности. Во тек е иницијатива за поставување на мерна станица за квалитет на воздухот во  регионот.

Нов проект одобрен за финансирање во рамките на Вториот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка  „ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија- Македонија 2014TC16I5CB006″

Здруженијата  “Кластер  за обновливи извори на енергија” и Центар за лековити билки и шумски плодови “Амброзијa” добија проект одобрен за финансирање во рамките на Вториот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка  „ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија- Македонија 2014TC16I5CB006″. Проектот насловен како “Идентификација и следење на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” (MCSoil) е меѓу  највисоко рангираните проекти и неговото времетраење на имплементацијата е 15 месеци. Главната цел на проектот е да ги процени специфичните потреби на регионот за мапирање на постоечка и потенцијална контаминација на почвата и да ја зголеми свеста за состојбата со ресурсите на почвата во партнерските земји, како  и да ја подобри ефикасноста во управувањето со ресурсите во однос на почвите “.

Во периодот  февруари – мај 2018 година, членовите на Кластерот за обновливи извори на енергија и Центарот за лековити билки и и шумски плодови “Амброзија” работеа интензивно заеднички на подготовка на два предлог-проекти: “Идентификација и следење на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” (MCSoil) и проектот “Подготвени за непогоди” / ReDi /. Проектните предлози беа аплицирани на Вториот повик за предлози во рамки на Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ-ИПА “Бугарија-Македонија” CCI 2014TC16I5CB006. По објавувањето на конечните резултати од просецот на евалуација, проектот “ReDi” беше рангиран во рамките на резервната листа. Клистерот за ОИЕ и Центарот за лековити билки и шумски плодови”Амброзија” се амбициозни и мотивирани да продолжат да ја развиваат својата соработка и интеракција во развојот и спроведувањето на иницијативи и проекти поврзани со заштитата на животната средина и клима, правилно управување со отпадот, воведувањето и употребата на ОИЕ, промоција на ЕЕ, итн.

По успешното завршување на проектот “Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економијата во прекуграничниот регион”

  • По успешното завршување на проектот “Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економијата во прекуграничниот регион”, во рамките на Првиот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ-ИПА “Бугарија – Македонија”, CCI број 2014TC16I5CB006, претставници на двете партнерски организации Кластерот за обновливи извори на енергија и Центарот за лековити билки и шумски плодови “Амброзијa” органицираа работен состанок, кој се одржа на 15 февруари 2018 година во Пехчево – Република Северна Македонија. Главниот фокус на состанокот беше да се разгледаат перспективите за понатамошна соработка помеѓу двете организации.

Прирачник за самопроценка на јаглероден отпечаток

Прирачникот на проектот за самопроценка на јаглероден отпечаток, кој содржи добри практики на нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион и Прашалник за самопроценка, е достапен тука:

Project-Manual-MK-1-14

Project-Manual-MK-15-27

План за подобрување на квалитетот на амбиетниот

Во рамките на имплементацијата на проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион”, беше спроведен Мониторинг на квалитетот на воздухот во 9 прекугранични општини. Резултатите може да се најдат тука:

Air Quality Plan-MK part-MK

Завршна конференциjа во Пехчево,11-12 jануари 2018

Завршна конференциjа во Пехчево,11-12 jануари 2018

На 11 jануари 2018 во Пехчево се одржува завршна конференциjа от проект Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион

Во рамки на проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“ вчера во Пехчево во хотел Гогов се одржа завршна конференција.

Проектот е реализиран со подршка од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а е имплементиран од страна на Здружението „Амброзија“ – Пехчево, во партнерство со Кластерот на обновливи извори на енергија од регионот на Благоевград.

Јасминка Пашалиска Андоновска од Здружението „Амброзија“ истакна дека целта на завршната конференција е да се презентираат резултатите од проектните активности, вклучително и заедничката политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион подготвена во рамки на проектот.

Извршена е аналаиза на состојбата со јаглеродна емисија во пограничниот регион  – беше подготвен инвентар за стакленички гасови за општините вклучени во проектните активности (Пехчево,Берово, Виница и Делчево од Македонија и Благоевград, Симитли, Кресна, Струмјани и Сандански од Бугарија). Извршен е и мониторинг на загадувањето на воздухот, од страна на акредитираните лабаратории во двата региона беше спроведен мониторинг на воздухот и подготвен е план за подобрување на квалитетот на воздухот, истакна Пашалиска – Андоновска.

Таа додава дека е подготвен и заеднички документ за нискојаглеродна прекугранична политика која е клучна активност на проектот, со кој се опфатени двете општини, со учество на локалните засегнати страни од двата региона.

Подготвени се извештаи за јаглероден отпечаток со препораки за јавните установи и деловните објекти во регионот, што ќе им даде рамка за следните активности за намалување на потрошувачката на јаглерод, додава Пашалиска – Андоновска.

Проектот се спроведуваше 15 месеци, од октомври 2016 до јануари 2018 година.

 

За дополнителни информации:

 

https://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/41/134059885#

 

http://mms.mk/news/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5-%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D1%83%D1%85?uid=145047

 

http://bgpolitika.com/index.php/busines/4584-trangranichen-region

Завршна конференциjа во Пехчево

На 11 jануари 2018 во Пехчево се одржува завршна конференциjа от проект Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион

 

Во четири општини од источна Македонија за првпат ќе се знае како греењето заедно со некои други фактори влијае на амбиенталниот воздух. Ваквите податоци ќе ги дадат резултатите од мерењата кои ги реализираше невладината Амброзија во соработка со Кластерот „Обновливи извори на енергија“ од Благоевград како дел од проектот  „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“.

 

За дополнителни информации:

 

https://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/41/134059885#

 

http://mms.mk/news/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5-%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D1%83%D1%85?uid=145047

Пехчево и Благоевград заедно за помалку штетни гасови на границата меѓу Македонија и Бугарија

НВО организации од пограничниот регион подготвуваат заедничка политика за нискојаглеродна економија во регионот. Со средства од ИПА програмата, НВО Амброзија од Пехчево и НВО Кластер на обновливи извори на енергија од Благоевград, ја одржаа во Пехчево првата работилница за климатски промени и ја започнаа подготовката на заедничката стратегија за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион.

  • Целта е да се иницираат заеднички политики и чекори кои ќе имаат заштита на животната средина за намалување на јаглеродните емисии, изјави Јасмина Пашалиска-Андонова од НВО „Амброзија“.

Проектот се однесува на 9 општини од пограничниот период.

  • Имаме учесници претставници од општините, заеднички да дадеме инпут во креирањето на оваа политика која ќе придонесе да се спроведат конкретни мерки и активности, изјави Јасмина Пашалиска-Андонова.
  • Проблемот е суштински во Бугарија, дури ЕК започна процедура поради големиот процент на загадување. Тоа е суштунски проблем и тоа е нешто кое сакаме да го тестираме во моментов со овој проект да видиме, како е моменталната состојба и на крај да произлезат препораки како основа за идна политика за намалување на проблемите поврзани со загадувањето на воздухот и постепено преминување кон нискојаглеродната политика во прекуграничниот регион, изјави Ѓорѓи Бојков, координатор на проектот од Благоевград.

Последователно по првата работилница од проектот беше е реализирана и посета на терен на објекти во регионот кои имаат позитивни практики за намалување на јаглеродните емисии, преку користење на обновливи извори на енергија или мерки за енергетска ефикасност.