- Како резултат на насоките содржани во заедничкиот документ Политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, што беше подготвен и усвоен од страна на вклучените страни во завршната фаза од проектот Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, во изминатиот период општините и другите засегнати страни работат интензивно на нивно спроведување.
Во општините Берово, Пехчево и Делчево инсталирани се фотоволтаични системи на покривите на по 3 јавни институции, со што се очекува намалување на јаглеродната емисија, но ќе се направат значајни заштеди на електричната енергија со што директно ќе се намалат трошоците на општините. Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од фондовите на ЕУ.
Дополнително, Извештаите за квалитет на воздухот и мерки за нивно подобрување се значајна основа на општините за реалзација на конкретни мерки и активности. Во тек е иницијатива за поставување на мерна станица за квалитет на воздухот во регионот.