Здруженијата “Кластер за обновливи извори на енергија” и Центар за лековити билки и шумски плодови “Амброзијa” добија проект одобрен за финансирање во рамките на Вториот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка „ИНТЕРРЕГ-ИПА Бугарија- Македонија 2014TC16I5CB006″. Проектот насловен како “Идентификација и следење на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” (MCSoil) е меѓу највисоко рангираните проекти и неговото времетраење на имплементацијата е 15 месеци. Главната цел на проектот е да ги процени специфичните потреби на регионот за мапирање на постоечка и потенцијална контаминација на почвата и да ја зголеми свеста за состојбата со ресурсите на почвата во партнерските земји, како и да ја подобри ефикасноста во управувањето со ресурсите во однос на почвите “.
Во периодот февруари – мај 2018 година, членовите на Кластерот за обновливи извори на енергија и Центарот за лековити билки и и шумски плодови “Амброзија” работеа интензивно заеднички на подготовка на два предлог-проекти: “Идентификација и следење на контаминирани почви со користење на иновативна методологија” (MCSoil) и проектот “Подготвени за непогоди” / ReDi /. Проектните предлози беа аплицирани на Вториот повик за предлози во рамки на Програмата за прекугранична соработка на ИНТЕРРЕГ-ИПА “Бугарија-Македонија” CCI 2014TC16I5CB006. По објавувањето на конечните резултати од просецот на евалуација, проектот “ReDi” беше рангиран во рамките на резервната листа. Клистерот за ОИЕ и Центарот за лековити билки и шумски плодови”Амброзија” се амбициозни и мотивирани да продолжат да ја развиваат својата соработка и интеракција во развојот и спроведувањето на иницијативи и проекти поврзани со заштитата на животната средина и клима, правилно управување со отпадот, воведувањето и употребата на ОИЕ, промоција на ЕЕ, итн.