НВО организации од пограничниот регион подготвуваат заедничка политика за нискојаглеродна економија во регионот. Со средства од ИПА програмата, НВО Амброзија од Пехчево и НВО Кластер на обновливи извори на енергија од Благоевград, ја одржаа во Пехчево првата работилница за климатски промени и ја започнаа подготовката на заедничката стратегија за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион.
- Целта е да се иницираат заеднички политики и чекори кои ќе имаат заштита на животната средина за намалување на јаглеродните емисии, изјави Јасмина Пашалиска-Андонова од НВО „Амброзија“.
Проектот се однесува на 9 општини од пограничниот период.
- Имаме учесници претставници од општините, заеднички да дадеме инпут во креирањето на оваа политика која ќе придонесе да се спроведат конкретни мерки и активности, изјави Јасмина Пашалиска-Андонова.
- Проблемот е суштински во Бугарија, дури ЕК започна процедура поради големиот процент на загадување. Тоа е суштунски проблем и тоа е нешто кое сакаме да го тестираме во моментов со овој проект да видиме, како е моменталната состојба и на крај да произлезат препораки како основа за идна политика за намалување на проблемите поврзани со загадувањето на воздухот и постепено преминување кон нискојаглеродната политика во прекуграничниот регион, изјави Ѓорѓи Бојков, координатор на проектот од Благоевград.
Последователно по првата работилница од проектот беше е реализирана и посета на терен на објекти во регионот кои имаат позитивни практики за намалување на јаглеродните емисии, преку користење на обновливи извори на енергија или мерки за енергетска ефикасност.