Одржлив развој и ниско јаглеродна политика во прекуграничниот регион

Одржлив развој и ниско јаглеродна политика во прекуграничниот регион

Подготовка на заедничка политика за ниско јаглеродна економија

Подготовка на заедничка политика за ниско јаглеродна економија

Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион

...

Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација

Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија најголемиот извор е енергетскиот сектор, преку термоелектраните на јаглен, но тука влегува и транспортот и загревањето со фосилни горива како нафта, мазут или јаглен. Во светот и кај нас, покрај енергетиката има стопански гранки што исто така се големи извори на јаглероден диоксид, почнувајќи од големите индустриски капацитети, како цеметарите или топилниците, па сè до земјоделските оранжерии, кои исто така многу често користат фосилни горива за загревање.

 

Воведување на данок на јаглерод значи отварање можност за инвестиции за обновливи извори кои ни се многу потребни, смета Елена Николовска од „Еко Свест“. Станува збор за обезбедување финансиски средства не само за обновливи извори, туку и за иновации кон примена на најдобри практики и достапни технологии кон нискојаглероден развој.

 

„Иако беше спомната како можност во Стратегијата за енергетика и е планирана како мерка во Националниот план за енергија и клима, сè уште не е започнат процесот на воведување на јаглеродната такса. Ова значи дека нема никаква правна рамка за овој инструмент и не се знае во каков формат ќе биде воведен. Иако зеленото сценарио е финансиски најисплатливо според сите проценки вклучително и Стратешката оценка за влијанијата на Стратегијата за енергетика, сепак, овој инструмент не е директно врзан со имплементација на одредено сценарио, иако значително влијае на брзината на енергетската трансформација. Без разлика кое сценарио ќе го одбереме, мерката данок на јаглерод е потребна за обезбедување одржлив механизам за финансирање на оваа трансформација, а ова е потребно за да ги достигнеме целите од Енергетска Заедница и ЕУ. Колку побрзо ја воведеме, толку побрзо ќе чекориме кон исполнување на тие цели“, вели Николовска.

 

Оваа еколошка давачка е позната во повеќе држави низ Европа и светот, а ја плаќаат производителите на производи поврзани со емисии на јаглероден диоксид, но и потрошувачите, доколку ги купуваат истите. Проценето е дека најразвиените земји емитуваат околку 40 отсто од емисиите, а во Европската Унија во 2017 година биле собрани околку 370 милијарди евра како еколошки даноци. Резултат на тоа е намалување на емисиите на јаглероден диоксид за 22 отсто или 1.240 милијарда тони во периодот од 1990 до 2017 година.

 

Во Министерството за животна средина велат дека сè уште анализираат што би значело воведување на јаглеродна такса за стационирани извори на емисии и начинот на најзиното определување во земјава.

 

„Јаглеродната такса се анализира од аспект на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови. Анализата ќе покаже кога ќе се воведе и која ќе биде висината на јаглеродната такса, од што ќе зависи до кој степен ќе бидат оптоварени производствените капацитети во Северна Македонија. Стратегијата за енергетика покажа дека доколку висината на јагледодната такса е над 35 евра за тон, тоа би значело затворање или намалување на интензитетот на работа на Термоелектраната Битола. Од друга страна и без воведување на јаглеродната такса не постои економска оправданост Осломеј да продолжи со работа“, велат во Министерството.

 

Оттаму потенцираат дека согласно насоките на Енергетската заедница како и на Европската комисија, средствата собрани од јаглеродната такса може и пожелно е да се користат за зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност како и програми за ранливи потрошувачи кои ќе бидат најпогодени од енергетската транзиција.

Мета.МК

ABB ја отвори првата јаглеродно неутрална и енергетски самоодржлива фабрика на светот

 

Фабриката на компанијата ABB, сместена во Лиденшајд во Германија, е првата на светот која ги оствари идеалите за јаглеродна неутралност и енергетска самоодржливост, кон кои во времето на интензивирање на борбата против климатските промени, тежнеат многу општествено одговорни компании. Ова постигнување е показател дека пресвртот во однос на фосилните горива е можен со помош на дигиталното управување со енергијата и претставува дел од напорите на ABB за нулта емисија (Mission to Zero).

Фазата на проектирање и изградба на производниот погон во германскиот град, траела две години, и во склоп на истиот се наоѓа соларна централа. Фотоволтаичниот систем со површина од 3.500 квадратни метри е поставен на паркингот на фабриката и се очекува годишно да произведува 1.100MWh чиста електрична енергија. Во комбинација со когенерациската постројка, двојно поефикасна од конвенционалните термоцентрали, ќе се обезбедува 14% повеќе енергија од потребите на фабриката.

Погонот дополнително е „озеленет“ со батерии за складиштење на енергија, како и станици за полнење на  електрични возила кои бесплатно им се ставени на располагање на вработените во фабриката.

Компанијата ABB која има традиција од 130 години, работи во повеќе од 100 земји и вработува скоро 150.000 луѓе.

 

Извор: https://www.porta3.mk/abb-ja-otvori-prvata-jaglerodno-neutralna-i-energetski-samoodrzhliva-fabrika-na-svetot/

Спроведување на мерки за намалување на емисијата на CO2 во регионот

  • Како резултат на насоките содржани во заедничкиот документ Политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, што беше подготвен и усвоен од страна на вклучените страни во завршната фаза од проектот Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економија во прекуграничниот регион, во изминатиот период општините и другите засегнати страни работат интензивно на нивно спроведување.

Во општините Берово, Пехчево и Делчево инсталирани се фотоволтаични системи на покривите на по 3 јавни институции, со што се очекува намалување на јаглеродната емисија, но ќе се направат значајни заштеди на електричната енергија со што директно ќе се намалат трошоците на општините. Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од фондовите на ЕУ.

Дополнително, Извештаите за квалитет на воздухот и мерки за нивно подобрување се значајна основа на општините за реалзација на конкретни мерки и активности. Во тек е иницијатива за поставување на мерна станица за квалитет на воздухот во  регионот.