Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови
“Амброзија”
Пехчево, Илинденска 18
e-mail:centar.ambrozija@gmail.com
Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ е активно на полето на рурален развој, прашања поврзани со животната средина и поттикнувањето на младинскиот активизам од 2004 година.
МИСИЈА: Подобрување на квалитетот на живеење преку активности насочени кон поддршка на руралниот развој, заштита на животната средина, едукација на граѓаните за правилно искористување на природните ресурси, промоција на младиски активизам.
Активности кои ги има спроведено здружението во делот на рурален развој и развој на туризмот:
- Во 2016, со поддршка од Мрежата за рурален развој на РМ, Амброзија го имплементираше проектот за промоција на локалните гастроноски специјалитети, во прилог на развој на туризмот. Буџет на проектот: 3000USD
- Во 2015, со поддршка од Мрежата за рурален развој на РМ, Амброзија имплементираше проект фокусиран на подигање на свеста за искористување на локалните потенцијали за развој на туризмот. Пеа подготвени промотивни матѕеријали и се органиизра Форум за развој на туризмот во регионот на Малешевијата. Буџет на проектот: 3000USD
- Во 2015, членовите на Амброзија учествуваа во работните групи за подготовка на регионална стратегија за рурален развој, како дел од LEADER процесот во во микро регионот Малеш-Пијанец (општините Берово, Пехчево и Делчево)
- Во 2012-2013 година, како локален партнер на Милиеуконтакт Македонија, Здружението подготви Локална стратегија за климатски промени за општина Пехчево со Акционен план, со поддршка од USAID. Стратегијата беше усвоена од Советот на општина Пехчево и во периодот 2012-2015 неколку приоритети од стратегијата беа имплементирани, во партнерство со општина Пехчево.
Буџет на Здружението за 2016 : 1.515.284 денари
Партнер:
Сдружение „Клъстер Възобновяеми енергийни източници“
Невладина организација од Благоевград, Република Бугарија
Ул. „Тодор Александров“ 23,
Благоевград, Република Бугарија
Тел .: + 359 (0) 73 539 498; +359 (0) 895 89 15 35
Факс: +359 (0) 73 539 498
е-пошта:
res_cluster@abv.bg
Веб портал: www.res-cluster.org