Новата Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија е донесена на 5-ти август 2015 година од страна на Европската Комисијата со одлука № C (2015) 5653 и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е ставен врз заштитата на природното и културното наследство во регионот. Покрај тоа, финансирањето ќе помогне во зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и во олеснување на нивниот пристап до нови пазари.
Интеррег-ИПА прекуграничната програма опфаќа 2 погранични региони во Бугарија и 3 региони од Република Македонија. Таа е со вредност од повеќе од 19 милиони € со учество од речиси 17 милиони € од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
За дополнителни информации: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/overview/opshti-informacii